Лина Ѓорческа ќе се бори за УС опен
22 July 2026
- Најдобрата македонска тенисерка ќе има нова шанса за настап на Гренд слем турнир, откако се најде на листата на пријавени учеснички во квалификациите за отвореното првенство во Њујорк.
- Организаторите ноќеска ги објавија листите, а сите тенисерки рангирани од 103-тото место надолу ќе настапат во квалификациите, освен оние што ќе добијат специјална покана.
- Ѓорческа, која е 214-та на ВТА, минатиот месец испиша историја за македонскиот тенис, откако успеа да мине три квалификациски кола и да се најде на главниот турнир на Вимблдон.
Поенот вреден историја за Лина Ѓорческа која ќе игра на Вимблдон
Лина за Вимблдон ТВ: Не е лесно од мала земја, за сè се грижам сама