- Пентагон испраќа повеќе авиони кон Персискиот Залив и ги проширува нападите врз Иран, иако нема доволно муниција за долга војна, предупредуваат аналитичари и офицери од Вашигтон. „Операциите ќе бидат ограничени поради намалените залихи на муниција за противвоздушна одбрана и ракети со долг дострел. Мислам дека Белата куќа не е свесна за тоа“, изјави анонимен функционер за Вашингтон пост.
- Уште по првиот бран жестоки напади во почетокот на март, Центарот за стратешки и меѓународни студии објави дека САД потрошиле повеќе од 3.000 ракети од „томахавк“, „патриот“ и JASSM.
- Загубата на тројца војници во петокот се сведоштво дека САД немаат ни ефикасна заштита за вкупно 50.000 војници распоредени во регионот. Тие загинаа во база во Јордан, која важеше за побезбедна од оние во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар кои беа под постојан непријателски оган.
- „Обемот на нашето присуство на Блискиот Исток стана товар. Алармантната зачестеност на иранските одмазнички напади се одразува на залихите за нивна заштита“, изјави Кетрин Томпсон од Институтот Като.
- Уште помали се капацитетите на САД за копнена инвазија, која Трамп минатата недела не ја исклучи како опција за контрола на Ормускиот проток. „Би било грешка да се распоредат копнени сили било на островите било на копното. Американските сили не се подготвени за одбрана од ирански напади од дистанца“, изјави Сет Џонс од Центарот за стратешки и меѓународни студии.
- Извозот на нафта од Персискиот Залив во изминатата недела бил во просек над 24 милиони барели дневно, надминувајќи го предвоеното ниво од 23,3 милиони барели, според податоци на компанијата Kpler.
- Со танкери преку Ормускиот теснец, вклучувајќи ги и претоварите на отворено море, поминувале по околу 14 милиони барели на ден, што е 82% од нивото пред војната.
- Во септември околу 40% од суровата нафта од Заливот се извезувала преку нафтоводи на копно, за разлика од 17% во времето пред САД и Израел да му објават војна на Иран.
- Трговците предупредуваат дека оваа стабилизација не е одржлива, бидејќи Трамп веќе се закани со уште пожестоки напади врз Иран кога ќе завршат изборите за Конгресот во САД во ноември.
- Се очекува цената на барелот нафта на светските берзи да се задржи над 100 долари - и поради зголемената побарувачка и поради тоа што транспортерите сега го наплаќаат и ризикот од блокада или ракетирање на бродовите.
- Франција ќе распореди војници низ градовите заради поддршка на полицијата на новите протести најавени за в сабота. „Распоредувањето ќе биде масовно“, изјави премиерот Себастијан Лекорну.
- Владата призна низа слабости во реакцијата на службите за безбедност на нередите во саботата: пропусти во разузнавањето, погрешни тактики, статични полициски единици и одлуката да не се укинат отсуства во полицијата.
- Лекорну ги обвини екстремните левичарски групи за насилството. За палењето на историската Градска куќа во Лимож е уапсен 34-годишен член на ултралевичарска група, кој веќе бил под полициски надзор.
- Од саботата, уапсени се 2.300 луѓе, од кои 149 веќе се осудени на затворски казни поради насилство, кражби или оштетување на имот.