- Белите мантили пружаат отпор на идејата на министерот за здравство Азир Алиу да воведе систем за евиденција на работното време со отпечаток од прст.
- Лекарите не сакаат да се евидентираат со таканаречениот „фингерпринт“, а на Мирослава Симоновска од Слободен печат и најавиле дека доколку во нивната клиника се имплементира ваквиот начин на контрола на работното време, предлогот ќе го оспорат пред Уставниот суд.
- Азир Алиу вели дека системот за отчитување на присуството на работа со отпечаток од прст веќе функционира во Министерството за здравство за сите вработени вклучително и за него.
- Отпорот кон ваквата евиденција се правда со тоа дека работното време на лекарите е недефинирано и дека тие работеле и кога не се евидентирани.
- Премиерот Кир Стармер најави забрана за пристап до социјални медиуми во Британија за лица помлади од 16 години. Мерката треба да биде усвоена до крајот на оваа година и да почне да се спроведува од почетокот на 2027 година.
- Забраната ќе ги опфати платформите како Snapchat, TikTok, Instagram, Facebook и X. Ќе бидат изземени моделите специјализирани за образование или со содржини за деца.
- Roblox, најголемата платформа за игри во Британија нема да биде забранета за деца од 8 до 12 години, но ќе бидат ограничени функции за разговор.
- Владата, исто така, разгледува воведување „ноќен полициски час“ против бесконечно скролување на онлајн содржини за лица под 18 години. Повеќе детали за ова ќе бидат објавени во јули.
- Четботовите со ВИ дизајнирани да симулираат сексуални врски или улоги ќе мора да наметнат забрана за пристап на малолетни лица. Голем број платформи, вклучувајќи порнографски страници, веќе се обврзани да ги спроведуваат овие проверки.
- Претставници на Јутјуб, Снепчет, Фејсбук и Инстаграм оценија дека забраната нема да ја постигне целта за безбедност на тинејџерите на интернет, туку може да ги насочи кон „помалку безбедни“ платформи.
- Земјоделците и жителите во долината на Рио Гранде во Тексас се интензивно изложени на хербицидот паракват, кој е забранет во 74 земји поради ризик за здравјето на луѓето. Употребата на паракватот во САД е зголемена затоа што многу плевели се отпорни на другите хербициди.
- Беате Риц, епидемиолог од UCLA, открила дека луѓето кои живееле или работеле подолг период во близина на места третирани со паракват имале околу 90% поголем ризик од Паркинсонова болест.
- Новите истражувања укажуваат дека честички од паракватот во небезбедни концентрации може да се прошират на површина од 50 квадратни километри.
- Американската агенција за заштита на животната средина објави дека нема доволно докази за поврзаност на пациенти од Паркинсонова болест со изложеност на хербициди, но најави тестирање на состојбата во реални услови – процес што може да трае до две години.
- За Паркинсоновата болест нема лек и тешка е за дијагностицирање. Ги нарушува движењето, рамнотежата, говорот, расположението и способноста на болното лице да живее самостојно.