- Хрватска од 1 јуни воведе нови ограничувања за внесување на производи и храна за патници од земји од регионот што не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија.
- Ослободена од царински давачки, ДДВ и акцизи е стока од некомерцијална природа: до 430 евра на аеродроми и пристаништа, до 300 евра на патни и железнички гранични премини. За патници под 15 години до 150 евра.
- Во патниот и железничкиот транспорт дозволено е внесување: 40 цигари или еквивалентни количини на други тутунски производи, 1 литар алкохолен пијалок со над 22% алкохол, 4 литри вино и 16 литри пиво. Ослободувањата за тутунски и алкохолни производи не важат за лица под 17 години.
- Не е дозволено внесување месо, млеко и нивни производи, но може да се внесе до 20 килограми риба по лице, до 2 килограми мед, јајца и други производи од животинско потекло, до 2 килограми храна за бебиња, медицинска храна и специјална храна за домашни миленици. Леб, бисквити, чоколадо, тестенини, додатоци во исхраната и слични производи за лична употреба може да се внесат ако ги исполнуваат пропишаните услови.
- Непријавените или нелегалните производи од животинско потекло се конфискуваат и уништуваат, а патникот може да биде парично казнет.
- Папата Лав XIV ја назначи Марија Монсерат Алварадо, претседателка на американскиот католички медиум EWTN News, на челото на моќниот оддел за комуникации на Ватикан.
- Како префект на дикастерија на Светата столица, Алварадо ќе ги надгледува порталот, радио-станицата, весникот L’Osservatore Romano, прес-службата, издавачката куќа и филмската библиотека на Ватикан.
- Американката родена во Мексико Сити на 1 ноември ќе ја преземе улогата од Паоло Руфини, кој се пензионира.
- Ова се толкува како знак дека Лав, првиот папа роден во САД, ја продолжува мисијата на својот претходник Франциск, кој назначи неколку жени лаици во високите ешалони на Ватикан и го критикуваше „шовинистичкиот менталитет“ на католичката црква.
- Првичните резултати од анализите на месните производи се уште позагрижувачки и кај нив отстапувањата од пропишаниот квалитет се многу поголеми во споредба со млечните производи, вели Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Биле земени 46 мостри од месни производи (сувомеснати производи) а кога анализите ќе бидат конечни, Агенцијата ветува дека имињата на сите производители и оператори кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени.
- „Потрошувачот мора да биде информиран кога некој му ја нарушува довербата со лажни декларации,“ вели Колариќ.
- Претходно, македонската јавност беше вознемирена од анализите на млекото и млечните производи во кои наспроти декларираната содржина, биле најдени растителни масти.
- Не треба тоа да чуди ако се знае дека последниве години, во Македонија рапидно расте увозот на палмино масло и млеко во прав. Види во: Пиеме палмино млеко во прав.