Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Најинтересната битка за опстанок: Вест Хем или Тотенхем оди во бездната

12 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На две кола пред крајот, со Барнли и Вулверхемптон одамна испаднати во втора лига, се очекува да им се придружи еден од лондонските големци, Вест Хем или Тотенхем.
  • Спарс кои се на 17-то место, ја играат најмизерната сезона во последните неколку децении. Синоќа одиграа нерешено 1-1 против спасениот Лидс Јунајтед и не го искористија во целост поразот на „чеканите“ од Арсенал.
  • Тотенхем има 2 бода повеќе од Вест Хем кој е 18-ти и е под цртата која значи испаѓање во Чемпионшип. Екипата предводена од новиот тренер, Италијанецот Роберто Де Ѕерби врза конечно 3 позитивни резултати (2 победи и 1 нерешена) но и натаму уште од 6-ти декември нема победа на домашен терен.
  • „Ќе биде многу тешко (да се опстане) - знаеме дека веќе не е само во наши раце. Ќе се бориме за тоа и ќе продолжиме да се бориме“, рекол тренерот на Вест Хем Нуњо Еспирито Санто.
  • Тотенхем до крај го чека градско дерби со Челси на гости (19-ти мај) и домашен дуел со Евертон (24-ти мај). Вест Хем оди на Сент Џејмсис Парк во Њукасл (17-ти мај) и го пречекува Лидс Јунајтед (24-ти мај).
  • Тотенхем има само една победа на „Стемфорд Бриџ“ за цели 36 години, а ја забележа во 2018-та.
извор

Телеграф: Паднал договор, Мурињо се враќа во Реал Мадрид

13 May 2026
  • Share
  • Post
  • Реал Мадрид минува уште една сушна година па по годините доминација, пак останува со куси ракави. Не освоија пехар ниту во домашна Ла Лига каде Барселона ја одбрани титулата и тоа со победа баш против „кралскиот клуб“, ниту во Лига на шампиони, ниту во домашниот Кралски куп каде испаднаа од третолигаш.
  • Слабата сезона на толку вложувања придонесе за тренерска смена па наместо Чаби Алонсо дојде в.д. тренерот Алваро Арбелоа кој немаше ништо позначителен успех.
  • Флорентино Перез и управата на Реал Мадрид посегнуваат сега за едно старо, добро познато име, искусниот Жозе Мурињо кој ги тренираше Бенфика, Порто, Челси, Интер, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома и Реал Мадрид од 2010 до 2013. Ова ќе биде практично враќање на клупата на Португалецот во Реал.
  • Тој во меѓувреме запрашан од новинарите во Португалија, се правел како ништо да не знае и рекол дека чека сезоната официјално да заврши, да го доиграат последниот натпревар од првенството со Бенфика па ќе одлучува.
  • „Немам никаков проблем со Мурињо. Мислам дека е голем професионалец. Само што не го сакам во Реал Мадрид. Верувам дека на други тренери подобри би им легнало да го водат клубот на мојот живот. Лично мислење е ова. Ништо повеќе. Кога Реал Мадрид две сезони е без титула, тогаш е нешто за загрижување. Ел Класико беше тешко уште пред да почне. Мора веќе да гледаме кон следната сезона и да заборавиме на оваа“, порачал легендарниот голман на Реал Мадрид Икер Касиљас кој освои 19 шампионски пехари за 16- годишен престој во Реал.
извор

Драматична мајсторка се очекува во Валенсија: Доаѓаат ПАО и незгодниот Атаман

13 May 2026
  • Share
  • Post
  • Доигрувањето во Евролигата стигнува до вжештена кулминација. Вечерва од 21 часот Валенсија ќе го дочека грчки Панатинаикос во петтиот натпревар од серијата, а победникот оди на финалниот Ф4 на Евролига.
  • Панатинаикос ги доби првите два дуели во Валенсија на гости и поведе со убедливи 0-2 во серија која се игра до 3 победи. Се беше спремно во „ОАКА“ Арената, домот на зелено-белите каде ќе се игра и Фајнал Форот, за нов триумф и „метла“ од 3-0 за „лилјаците“.
  • Но предводени од најдобриот тренер на сезоната, возрасниот Педро Мартинез, Валенсија направи голем подвиг, израмни на 2-2 со две победи во пеколната сала во Атина и ја врати серијата во својата сала „Роѓ Арена“.
  • „Оној кој ќе изгуби си оди дома, а јас живеам за вакви натпревари. Цела кариера се спремав за вакви моменти и нема сомнеж дека ќе бидеме подготвени“, рекол лидерот на Панатинаикос Кендрик Нан.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

„Вук је у нас домаћа животиња“

2

Достоен!

Балканштина
3

Грција дига рачна за масовниот туризам

4

Ги стигаме бугарските матуранти

Македонштина
5

Прво татко па сè друго: Дончиќ нема да игра за Словенија, ќе се бори за своите ќерки

6

На каква помија од терен тренираат младинците на ФК Работнички

Фудбал
7

Не преточуваш нитроглицерин

Балканштина
8

Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина

1

На каква помија од терен тренираат младинците на ФК Работнички

Фудбал
2

Прво татко па сè друго: Дончиќ нема да игра за Словенија, ќе се бори за своите ќерки

3

Синот на Михајловиќ со тетоважа од епски натпревар на татко му

Фудбал
4

Амир од Манчестер Јунајтед ја одби Англија и ќе игра само за Русија

5

Ал Наср не ја прослави титулата, ја оплескаа со автогол во 98 минута

Фудбал
6

Што се случува со Алкараз?

Разно
7

Телеграф: Паднал договор, Мурињо се враќа во Реал Мадрид

8

Дојде хулиганизмот на врата и во Саудиска Арабија

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Македонштина

Скопје е на потег

Балканштина

За бракот и научната етика

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Готово, палете тоа книгите

Пирамидална клетва

Што е тајната на големите попусти

Рачак: Анатомија на една измама на ЦИА

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy