Лукавство на вечерта во НБА

Најдобриот кошаркар на Шарлот Хорнетс Ламело Бол на почетокот на натпреварот со Мајами Хит за пласман во доигрувањето во НБА, намерно го фаулираше лидерот на Хит Бам Адебајо кој се спружи на земја колку што е висок, се повреди и веќе не се врати до крајот во игра.

Шарлот Хорнетс победи после продолженија, Ламело Бол даде 30 поени од кои и решавачките 2 на крајот на продолжението. Тренерот на Мајами Ерик Сполстра после мечот бил бесен зошто судиите не го исклучиле Ламело Бол откако ја погледнале снимката:

„Се извинувам за тоа. Бев удрен во глава, не знаев баш точно каде сум но ќе проверам сега како е дали е добар (Адебајо)“, изјавил Ламело Бол после победата на неговиот тим 127:126.

А тренерот на Мајами Хит Ерик Сполстра изјави:

„Не го видов моментот, но мислам дека не е слатко ниту мислам дека е смешно. Мислам дека е глупав, опасен потег“.

А судиите вака ја правдале нивната одлука откако гледале повторена снимка:

„Потегот не беше досуден во реално време. Играта продолжи на брзина и зошто играта не беше прекината веднаш, а имаше свирка во продолжение од играта, прозорот за преглед на моментот беше затворен. Натпреварот беше сопрен, по промена на поседот и по тајм-аутот. Така што по правило, нашиот прозор за преглед тогаш е веќе затворен“ рекол главниот судија Зах Зарба.

Потези на вечерта во НБА во режија на Дени Авдија

15 April 2026 - 11:39