- Како дел од стратегијата за развој на македонскиот спорт на Министерството за спорт, повеќе од 136 милиони денари или 2,2 милиони евра изминативе десетина дена легнаа на сметките на прволигашите во машка конкуренција во четирите најдобри екипни спортови во Македонија.
- „Најмногу мустаќот го омастија“ ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој играше во ракометната Лига на шампиони и доби околу 120.000 евра од државата (7,4 милиони денари). РК Вардар 1961 доби околу 115.000 евра (7 милиони денари) а повеќе од 100.000 евра на сметка добија и РК Алкалоид и ГРК Охрид.
- Кај фудбалерите тетовска Шкендија како претставник на европска сцена кој најправи најголем успех и како актуелен шампион на Македонија доби 81.000 евра (4,97 милиони денари), ФК Силекс доби 4,7 милиони денари, Работнички 4,4 милиони денари, ФК Струга 4,16 милиони денари, ФК Вардар 3,88 милиони денари (63.000 евра).
- Кај кошаркарските клубови шампионот МЗТ Скопје Аеродром доби 4,4 милиони денари (72.000 евра), ТФТ доби 4,14 милиони, Куманово 3,86 милиони денари, Работникички 3,5 милиони денари.
- Кај дамите ракометниот клуб ЖРК Ѓорче Петров доби 1,835 милиони денари, а фудбалскиот клуб ЖФК Љуботен 1,72 милиони денари.
- Шеесет и шест годишниот трофеен стручњак потпишал нов договор со Бразил кој го задржува до клупата на кариоките дури до 2030-та година.
- Бразилската фудбалска репрезентација била воодушевена од работата на Карло Анчелоти па со цел да му покажат колкава доверба имаат во него му дале нов договор вреден огромни 10 милиони евра годишно, до 2030-та година, соопштил бразилски ЕСПН.
- Со оваа плата Карло Анчелоти ќе стане најскапо платениот селектор на светот.
- Италијанскиот тренер кој со голем успех ги водеше Парма, Милан, Јувентус, ПСЖ, Баерн Минхен, Челси и Реал Мадрид, сега го чека Светско првенство 2026 со Бразилците кои во група се со Мароко, Хаити и Шкотска. Сите натпревари Бразил ќе ги игра во САД.
- Анчелоти седна на клупата на најтрофејната репрезентација на светот во мај 2025-та година и обезбеди пласман на Мундијалот после еден месец. Тој забележа триумф 1-0 против Парагвај а минатата недела во пријателски средби ја победи Хрватска (2-1) и загуби од Франција (1-3).
- Хари Мегваер потпиша нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед до 2027-ма, со можност за продолжување на уште една година.
- 33 годишниот дефанзивец на кој договорот требаше да му истече на крајот од оваа сезона, се согласил на намалување на платата од 190.000 на 100.000 фунти. Тоа значи дека годишно ќе заработува 4,8 милиони фунти или 5,5 милиони евра. Новиот договор содржи клаузули според кои би можел да заработи повеќе ако клубот се пласира во ЛШ.
- Мегваер му се придружи на Манчестер Јунајтед од Лестер за 80 милиони фунти во 2019 година, за тогаш светски рекорден трансфер за дефанзивец.
- За Манчестер Јунајтед има 266 натпревари и два трофеи, Лига купот во сезоната 2022-23 и ФА купот следната сезона.