- Капитенот на најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава, Виктор Ефремовски ја игра најдобрата сезона во својата кариера, а парадоксално екипата се бори за опстанок во лигата.
- Црвено-белите наместо да се борат за врвот, играат за гол опстанок и да спречат историски срам за првпат да испаднат во втора лига.
- 27-годишниот Гостиварец Виктор Ефремовски на последните шест натпревари постигнал 177 поени или во просек безмалку по 30 поени по натпревар.
- Во 22 кола Ефремовски има просек од 22 поени по натпревар што е верувале или не најдобар учинок во историјата на македонското првенство. Најблиску до него е Александар Костоски кој во 2012 беше импресивен со по 21,7 поени по натпревар.
- Најдобриот кошаркар на Работнички од почетокот на сезоната нема ниту еден натпревар од 22 кола на кој не бил двоцифрен. Тој постави и свој личен рекорд со дадени 50 поени на натпреварот против Маџари.
- Шеесет и шест годишниот трофеен стручњак потпишал нов договор со Бразил кој го задржува до клупата на кариоките дури до 2030-та година.
- Бразилската фудбалска репрезентација била воодушевена од работата на Карло Анчелоти па со цел да му покажат колкава доверба имаат во него му дале нов договор вреден огромни 10 милиони евра годишно, до 2030-та година, соопштил бразилски ЕСПН.
- Со оваа плата Карло Анчелоти ќе стане најскапо платениот селектор на светот.
- Италијанскиот тренер кој со голем успех ги водеше Парма, Милан, Јувентус, ПСЖ, Баерн Минхен, Челси и Реал Мадрид, сега го чека Светско првенство 2026 со Бразилците кои во група се со Мароко, Хаити и Шкотска. Сите натпревари Бразил ќе ги игра во САД.
- Анчелоти седна на клупата на најтрофејната репрезентација на светот во мај 2025-та година и обезбеди пласман на Мундијалот после еден месец. Тој забележа триумф 1-0 против Парагвај а минатата недела во пријателски средби ја победи Хрватска (2-1) и загуби од Франција (1-3).
- Хари Мегваер потпиша нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед до 2027-ма, со можност за продолжување на уште една година.
- 33 годишниот дефанзивец на кој договорот требаше да му истече на крајот од оваа сезона, се согласил на намалување на платата од 190.000 на 100.000 фунти. Тоа значи дека годишно ќе заработува 4,8 милиони фунти или 5,5 милиони евра. Новиот договор содржи клаузули според кои би можел да заработи повеќе ако клубот се пласира во ЛШ.
- Мегваер му се придружи на Манчестер Јунајтед од Лестер за 80 милиони фунти во 2019 година, за тогаш светски рекорден трансфер за дефанзивец.
- За Манчестер Јунајтед има 266 натпревари и два трофеи, Лига купот во сезоната 2022-23 и ФА купот следната сезона.