Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Горан Ѓоргоноски: Кој ќе ја разниша рамнотежата на вечните?

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Што може да очекува еден ракометен фан во Македонија по онаа трилер-завршница во „Јане Сандански“ овој јуни? На прашањето на еден добронамерен ракометен фан, со таблици од одамна умрениот ракометен центар Велес, кој случајно го сретнав на бензинска кај „Русите“ во Прилеп – „кој ќе биде шампион, Вардар или Пелистер?“, мојот одговор беше едноставен: „Ниту едниот, ниту другиот“.
  • Дали конечно дојде време оваа година завршницата на „најквалитетната лига на Балканот и пошироко“ да добие нов расплет, во однос на тоа кој сѐ ќе решава за титулата, па и повеќе од тоа, дали е дојдено време за нов титулар, надвор од „вечните“? Како се однесуваа „вечните“ ова лето, носејќи тренери на веќе скроен ростер, можам да се обложам дека ќе биде така.
  • Градот со најубавото езеро, градскиот ракометен клуб Охрид, на чело со таткото на градот, дефинитивно изгледа подобро, поквалитетно, поорганизирано… како сакате наречете го. Донесоа тренер со биографија, човек што знае да создаде екипа и да ја издигне на ниво.
  • Ројевиќ со години го градел повеќекратниот шампион на соседна Србија и сега треба да „преслика“ некои работи и кај нас. Ситуацијата не е ни малку иста. Имено, тука, во Македонија, други го „водат орото“ и одамна не му даваа „шамивче“ на никој друг. Охрид, сепак, направи сериозни засилувања. Двајца легионери од Бундеслигата се реални засилувања на екипата. 
  • Алкалоид „знае каде тера“. Екипата игра на супервисоко ниво и плаќајќи го данокот на неискуство, на двата меча да го намачи големиот Хановер.  Тимот со најголем буџет во домашното првенство, својствено за него, пазареше минимално, барем што се однесува на играчи што ќе бидат фактор во тимот, веднаш оваа година.
  • Алкалоид ќе „трча“ со ривалите, ќе игра на погодок повеќе со секој ривал и, според мене, оваа година сериозно се доближи до титулата. Ама сериозно „дишење во врат“ на „вечните“.
извор

Хрватот Мирко Алиловиќ прв ракометар со 23 сезони во Лига на шампиони!

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Легендарниот хрватски голман Мирко Алиловиќ (39) испиша нов рекорд во ракометната Лига на шампиони откако стана прв ракометар со најголем број одиграни сезони. Рекордот го поставил со настап во 1. коло од новата сезона во ЛШ против Сегед.
  • Веста за овој подвиг ја објави неговиот нов клуб Висла Плок на своите друштвени мрежи.
  • Некогашниот хрватски репрезентативен голман кариерата ја започна во Извиѓач, па бранеше за шпански Адемар Леон, па за Цеље, Везпрем, Сегед и сега за полска Висла Плок каде влезе во 23-та рекордна сезона во Лига на шампиони!
  • Досега беше израмнет со најдобриот ракометар на сите времиња според многумина Никола Карабатаиќ кој имаше 22 сезони во ЛШ. За Хрватска Алиловиќ брамнеше од 2008 до 2022. Освои светски сребро и бронза, две сребра и две бронзи на европските првенства и бронза на Олимписки Игри 2012 во Лондон.
извор

Брегалница слави 100 години, во Штип доаѓаат легенди на Црвена звезда

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Денес во Штип ветераните на Брегалница и Црвена звезда ќе го одбележат јубилениот 100. роденден на штипскиот клуб со плејада познати фудбалери.
  • Ќе бидат присутни Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ-Пижон, Станислав Караси, Здравко Боровница, Зоран Филиповиќ, а најверојатно и Милко Ѓуровски, Дуле Савиќ, Горан Пандев и други...
  • За Брегалница се очекува да настапат имиња кои играле и за репрезентацијата на Македонија како Љупчо Лазаров, Гордан Здравков, Гоце Алексовски, Мијалче Маџуранов, Баже Петров, Папаров, Милосавов, Ефтимов и капитените Мите Георгиев и Кире Герасимов.
  • Средбата е закажана за 19:00 часот на „Градскиот стадион“ во Штип.
  • Многумина не знаат дека овој јубилеен натпревар ги враќа убавите спомени од 1978-ма година кога во Штип дојдоа едни од најголемите фудбалски имиња во тоа време, Еузебио, Шекуларац, Драган Џаиќ, Бразилецот Еду и Слободан Сантрач.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Време е професорката (подитно) да си побара ПРОФЕСОР за часови

Македонски рулет
2

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Македонштина
3

Таа е убедена дека е храбра и прогресивна

Видео
4

Израел за 72 часа нападна шест земји

Свет
5

Што проектил ќе беше ова?

Фудбал
6

Виенско педигре

Балканштина
7

Трајко, дали стварно?

Македонски рулет
8

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина
1

Што проектил ќе беше ова?

Фудбал
2

Избрани најдобрите 11 во историјата на Црвена Ѕвезда со Панчев во напад

Фудбал
3

Сарказам на Џикиќ пуштен на најјако

Кошарка
4

Србија би ја пречекала Албанија во Лесковац?

5

Средношколецот од Финска ги витка лабаво обрачите

Кошарка
6

Бекам раскажа за првиот ден во Реал и мајтапот од Роналдо

Фудбал
7

Дончиќ: „Ми дадоа техничка во 2-ра минута зошто реков ало“

Кошарка
8

Јак мајтап на сметка на Пикси

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Македонштина

Осомничен предлог

Македонштина

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Балканштина

Виенско педигре

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Пазете наслов на македонска народна песна

Темелко е сè што треба да знаете за Македонија

Боб Дилан версус Звонко Бoгдан

Како за фестивал кој се вика „БРАЌА Манаки“, вадиш слоган „ЕДЕН е Манаки“???

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy