Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

27 години затвор за Болсонаро

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и 3 месеци затвор поради заговор да остане на власт откако изгуби на изборите од 2022 година.
  • „Имаше многу докази дека Болсонаро дејствувал со цел да ги поткопа демократијата и институциите“, изјави главната судијка Кармен Лусија.
  • Четири од петте судии го прогласија поранешниот претседател за виновен за пет злосторства: учество во вооружена криминална организација; обид за насилно укинување на демократијата; организирање државен удар; и оштетување на владин имот и заштитени културни добра.
  • Единствено судијата Луиз Фукс го ослободи Болсонаро од сите обвинувања и ја оспори јурисдикцијата на судот. Неговиот глас отвора пат за обжалување на пресудата и за развлекување на процесот до новите избори при крајот на идната година. Болсонаро најави дека ќе се кандидира, иако му е забрането да извршува јавна функција.
  • Болсонаро е во домашен притвор. Тој ја има поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп, кој како казна воведе високи царини против Бразил и санкции за судиите вклучени во процесот. Државниот секретар Марко Рубио ја оцени пресудата како „неправедна“ и најави дека „САД ќе одговорат соодветно на овој лов на вештерки“. Актуелниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека „не се плаши од нови санкции од САД“.
извор

ОН немаше храброст да го осуди Израел за нападот во Катар

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Советот за безбедност на Обединетите нации, со поддршка и од САД, го осуди нападот врз раководството на Хамас во Доха, Катар, но воопшто не го спомна агресорот Израел. Во текстот се изразува „жалење за човечките жртви“ (загинаа пет члена на Хамас и еден катарски чувар - н.з.) и поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Катар, за кој е истакнато дека е „витален мировен посредник во регионот“.
  • Израел пред Советот за безбедност ги призна нападите и се закани со нови. „Ова е порака што треба да одекнува низ оваа сала. Нема засолниште за терористи ни во Газа ни во Техеран ни во Доха! Нема имунитет за терористи! Ќе дејствуваме против лидерите на теророт каде и да се кријат“, изјави израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон.
  • Катарскиот премиер го обвини Израел дека со нападот во Доха се обидел да ги уништи мировните напори. Пакистанскиот амбасадор додаде дека „за Израел повеќе не е приоритет ослободување на заложниците на Хамас и дека прави сè за да ја уништи секоја шанса за мир“.
  • Алжир изрази разочарување зошто осудата не била остра. „Насилството раѓа насилство. Неказнивоста раѓа војна. Молчењето во меѓународната заедница, а и на самиот Совет за безбедност, поттикнува хаос. Самиот овој совет останува ограничен, неспособен дури и да го именува агресорот, да ја квалификува агресијата како кршење на меѓународното право“, изјави амбасадорот Амар Бенџама.
извор

Виртуелна министерка со ВИ во кабинетот на Рама

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Албанија прва во светот ќе има виртуелен министер управуван од вештачка интелигенција. Во својот нов кабинет премиерот Еди Рама ја претстави министерката „Диела“, која ќе управува со надзорот и доделувањето на сите јавни тендери во земјата.
  • „Диела е првиот член на кабинетот што не е физички присутен, туку е виртуелно креиран од ВИ. Таа ќе помогне Албанија да биде земја во која јавните тендери 100% се заштитени од корупција“, изјави премиерот.
  • Ботот облечен во народна носија беше промовиран во почетокот на годинава, како виртуелен асистент на платформата е-Албанија, за да им помага на корисниците да добијат документи од државата, намалувајќи ги бирократските застои.
  • Доделувањето тендери во Албанија со години се поврзуваа со корупциски скандали. Според експерти, длабоката корупција во Албанија им овозможува на банди да перат пари што ги стекнале од шверц на дрога и оружје низ светот. Борбата против корупцијата, особено во јавната администрација, е клучен критериум за кандидатурата на Албанија за членство во Европската Унија.
  • Владата не го објасни механизмот за надгледување на ботот со ВИ ниту кои се ризиците од манипулирање со алгоритмот. Корисници на Фејсбук оценија дека ботот може да ја олесни корупцијата: „Крадењето ќе продолжи, а одговорноста ќе биде префрлена врз Диела“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Време е професорката (подитно) да си побара ПРОФЕСОР за часови

Македонски рулет
2

Што проектил ќе беше ова?

Фудбал
3

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Македонштина
4

Таа е убедена дека е храбра и прогресивна

Видео
5

Виенско педигре

Балканштина
6

Израел за 72 часа нападна шест земји

Свет
7

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина
8

Поголем сељак немате видено

Балканштина
1

Израел за 72 часа нападна шест земји

Свет
2

Бизарен предизборен молк за мигрантите во Келн

Свет
3

Го упукаа Чарли Кирк (едит: починал)

4

Од 12 октомври во ЕУ со отпечаток од прст и фотографија

5

Африка бара колонизаторите да платат за историските злосторства

Свет
6

Има ли буден пилот во авионот?

Работа
7

Невакцинираните деца се три пати поздрави

Здравје
8

Откако проработеа камери на бугарските патишта, 4 прекршоци во минута

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Осомничен предлог

Македонштина

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Балканштина

Виенско педигре

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Македонштина

Демек сакате природа а после све ви пречи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Колега, за каде сме?

Мистерии на оргазмот

Да се знае која куќа јаде џем!

Убавината на бугарскиот јазик

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy