- 31 годишниот играч од средниот ден потпиша договор со црвено-црните на 3 години, а минатата сезона играше во Шкотска за Данди Јунајтед.
- Бабунски е продукт на Ла Масиа и мина шест години во неколку категории на Барселона. Играше и за вториот тим, а потоа направи трансфер во Црвена Звезда во 2016-та година.
- За сениорската селекција на Македонија има 18 настапи, а претходно беше капитен на Македонија У-21, која го обезбеди првото учество на ЕП.
Фото: Epa Images
- По капитенот на Србија и кошаркар на ЛА Клиперс Богдан Богдановиќ кој поради повреда го заврши Евро 2025 уште на почеток, сега поради повреда од игра отпаѓа и лидерот на Литванија Рокас Јокубаитис.
- 24-годишниот врвен плејмејкер кој требаше да ја води Литванија до самата завршница, на мечот против Финска ги повредил предните вкрстени лигаменти и менискусот на левото колено при еден дуел и пад.
- Јокубаитис веќе го напуштил репрезентативниот камп и заминал во Минхен каде во неговиот клуб Баерн го чекаат детални прегледи, анализи и операција. Тој го облече дресот на Баварците пред самиот почеток на Европското кога дојде од Макаби Тел Авив.
- Беше најдобар играч досега на Европското за Литванија со 17,3 поени во просек (55,6% за три поени), 2,5 скока во просек по натпревар и 8,5 асистенции.
- Од октомври е најавено дека ќе стартува Арена на македонски јазик со преноси, разговори во живо, интервјуа, емисии во кои ќе биде вклучена голема екипа.
- Главен менаџер ќе биде Тони Стојановски, кој на Фејсбук објави дека заминува од МТВ после 13 години. Според пишувањата на Спорт1, со него трансфер ќе прават поголем дел од спортските новинари од националниот сервис.
- Сè уште не се знае колку канали ќе има новиот проект, но најверојатно целиот елитен спорт ќе оди на регионалниот ТВ гигант.