- На последната редовна седница на одборот на директори на ФК Вардар, донесена е одлука цените на билетите за домашните натпреварите да бидат 200 денари за Југ и 100 за Исток.
- Првичната идеја на управата на клубот била картите да се продаваат по 300, но Комити имале барање да се намалат кое им го прифатиле.
- „Јужната трибина е Вардарова трибина! Место кое речиси 80 години ги обединува сите генерации на навивачи, место на кое барем еднаш стапнал секој од нас, место за сите Вардарци! Во борбата за титула, потребни сме сите! Полн Градски за клубот на народот“, стои во соопштението на Комити
- По синоќешните реванш натпревари од 3. квалификациско коло се комплетираа паровите за последната рунда која води во лигашката фаза од Лигата на шампионите.
- 14 клубови ќе се борат за последните седум места во елитното европско клупско натпреварување.
- Првите натпревари ќе се играат на 19 и 20 август, а реваншите се на 26 и 27 август.
- Ференцварош (Унгарија) - Карабах (Азербејџан)
Црвена Ѕвезда (Србија) - Пафос (Кипар)
Ренџерс (Шкотска) - Клуб Бриж (Белгија)
Бодо Глимт (Норвешка) - Штурм (Австрија)
Селтик (Шкотска) - Каират (Казахстан)
Базел (Швајцарија)- Копенхаген (Данска)
Фенербахче (Турција) - Бенфика (Португалија)
- Агентот на италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изјавил дека се „комплетно шокирани и разочарани“ од тоа како ПСЖ се поставил кон неговиот клиент после 4 златни години во клубот. Тренерот Луис Енрике го остранил Донарума од составот за натпреварот од Супер Купот на Европа против Тотенхем. Наводно Енрике сакал друг профил на голман.
- Донарума беше творец на најголемите клупски успеси на ПСЖ, освои бројни шампионски титули, Купови на Франција и како круна на сè - Лига на шампиони каде беше најдобар голман на патот до трофејот.
- Сега за Италијанецот се силно заинтересирани Манчестер Сити и Баерн Минхен. Во ПСЖ летово дојде Лукас Шевалие од Лил и се очекува тој да биде прв голман а втор да биде или Арнау Тенас или Русинот Матвеи Сафонов.