- Кристал Палас не ја доби апелацијата по повод исклучувањето од Конференциска лига. УЕФА не му дозволи на лондонскиот клуб кој го освои ФА Купот со историски триумф над силниот Манчестер Сити во финале, да заигра првпат во Лига Европа каде што заслужено на терен си избори место.
- Причина за тоа беше што имаа ист газда (Американецот Џон Текстор) со француски Лион. И двата клуба обезбедија европкупови, но УЕФА не му дозволи на Кристал Палас да игра. Англискиот клуб се жалеше на оваа одлука во Арбитражниот суд за спорт во Лозана (CAS) кој на крај пресуди дека Палас може да игра еврокуп но само во Конференциска лига во новата сезона 2025/2026.
- Сега разгледуваат и можност да бараат на суд финансиска компензација затоа што во Конференциска лига ќе заработат далеку помалку пари отколку што би добиле за учество во Лига Европа.
- Кристал Палас синоќа го победи и Ливерпул во англискиот Супер Куп на пенали 5-4 откако во основното време резултатот беше 2:2. Ова е втор трофеј во 120-години старата клупска историја на тимот од Лондон.
- По синоќешните реванш натпревари од 3. квалификациско коло се комплетираа паровите за последната рунда која води во лигашката фаза од Лигата на шампионите.
- 14 клубови ќе се борат за последните седум места во елитното европско клупско натпреварување.
- Првите натпревари ќе се играат на 19 и 20 август, а реваншите се на 26 и 27 август.
- Ференцварош (Унгарија) - Карабах (Азербејџан)
Црвена Ѕвезда (Србија) - Пафос (Кипар)
Ренџерс (Шкотска) - Клуб Бриж (Белгија)
Бодо Глимт (Норвешка) - Штурм (Австрија)
Селтик (Шкотска) - Каират (Казахстан)
Базел (Швајцарија)- Копенхаген (Данска)
Фенербахче (Турција) - Бенфика (Португалија)
- Агентот на италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изјавил дека се „комплетно шокирани и разочарани“ од тоа како ПСЖ се поставил кон неговиот клиент после 4 златни години во клубот. Тренерот Луис Енрике го остранил Донарума од составот за натпреварот од Супер Купот на Европа против Тотенхем. Наводно Енрике сакал друг профил на голман.
- Донарума беше творец на најголемите клупски успеси на ПСЖ, освои бројни шампионски титули, Купови на Франција и како круна на сè - Лига на шампиони каде беше најдобар голман на патот до трофејот.
- Сега за Италијанецот се силно заинтересирани Манчестер Сити и Баерн Минхен. Во ПСЖ летово дојде Лукас Шевалие од Лил и се очекува тој да биде прв голман а втор да биде или Арнау Тенас или Русинот Матвеи Сафонов.