Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Дескоски: Двете клучни заблуди за Преспа

4 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со овој Договор (освен симнувањето на Грчкото вето за ЕУ и НАТО). Таа заблуда е дека со Преспа „се потврдил“ македонскиот јазик во нашата лична карта во ОН. Напротив, во ОН уште од приемот на нашата држава во 1993 година, во личната карта на нашата земја службениот јазик си беше именуван како „македонски“. Тоа е така затоа што македонскиот јазик никогаш и не бил дел од т.н. „спор за името“.
  • Втората заблуда е дека Преспанскиот договор е последниот компромис кој го правиме со членките на ЕУ, пред нашиот прием во Унијата. И оваа заблуда е пласирана од преговарачите на Преспа и на Билатералниот договор за добрососедство со Бугарија, свесно и намерно. Еден шеф на дипломатијата не може да не знае дека кога склучува билатерален договор со Бугарија, во кој Бугарија се одрекува само од ветото за членство во НАТО, а не и за ЕУ, всушност на Бугарија ѝ го „запечатил“ правото за вето во ЕУ. И дека во иднина може да очекува барања за ветото да не се активира. Ако не знаел, тогаш е комплетен идиот кому местото не му е на чело на дипломатијата на една земја.
  • Во текот на преговорите ќе се отвораат и исполнуваат и другите обврски од листата на Бугарија.
извор

Домашен притвор за возачот на мотор што прегази пешак на кеј

5 July 2025
  • Share
  • Post
  • Домашен притвор му е одреден на возачот што со мотоцикл го усмрти скопјанецот Југослав Николовски кај Паркот на Франкофонијата на скопскиот кеј и побегна без да му укаже помош.
  • Судијата не го уважи предлогот на обвинителството, кое бараше ефективен притвор за возачот, кој веќе беше во бегство. Обвинителството вложи жалба.
  • Николовски беше прегазен на 1 јули на пешачка патека пред својот дом, кога излегол да фрли ѓубре.
  • Обвинителството тврди дека 25-годишниот возач на мотоциклот немал дозвола, како малолетник бил осуден за насилство и за прекршување на здравствените прописи за време на пандемијата. 
извор

Поплава во Тексас збриша детски камп

5 July 2025
  • Share
  • Post
  • Во Тексас се трага по најмалку 23 девојчиња од летниот камп Мистик што бил збришан од надојдената река Гвадалупе. 
  • Надојдената река удрила врз реонот со многу летни кампови во 1.30 часот по полноќ. Мистик, со околу 750 девојчиња, бил веднаш до реката. Повеќето деца брзо биле префрлени на повисоки места и утрото биле евакуирани. 
  • Поројните дождови за само 45 минути го кренале нивото на реката над максималната граница.
  • Поплавите во Тексас досега однесоа најмалку 24 човечки животи. Меѓу загинатите има и деца. Локалните власти објавија дека се спасени 237 луѓе што побарале помош, но немаат прецизна бројка колку луѓе се исчезнати.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Здравје
2

Нема Холанѓанец без вечни хемикалии во вените

Здравје
3

Словенија на референдум за излез од НАТО?

4

САД ќе штанцаат милијарди муви против месојадна ларва

Разно
5

Куманово, град на иновации

Македонштина
6

Дескоски: Двете клучни заблуди за Преспа

7

Да видиме каде тоа ѝ останала душата на Нада

Балканштина
8

Домашен притвор за возачот на мотор што прегази пешак на кеј

1

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Здравје
2

Нема Холанѓанец без вечни хемикалии во вените

Здравје
3

Словенија на референдум за излез од НАТО?

4

САД ќе штанцаат милијарди муви против месојадна ларва

Разно
5

Дескоски: Двете клучни заблуди за Преспа

6

Домашен притвор за возачот на мотор што прегази пешак на кеј

7

Како големата фармација закопа надежен лек

Здравје
8

За четири години изгубивме едно Кавадарци

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Куманово, град на иновации

Балканштина

Да видиме каде тоа ѝ останала душата на Нада

Македонштина

Не бе, не е гужва во Капиштец

Балканштина

Навремен мајчински совет

Македонштина

Tриумфален ќенеф

Балканштина

Зграпчи ја приликата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Девет трудови песни

Пребирливата Анѓа

Роџер Еберт за Милчо

Извод на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy