Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Домашен притвор за возачот на мотор што прегази пешак на кеј

5 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Домашен притвор му е одреден на возачот што со мотоцикл го усмрти скопјанецот Југослав Николовски кај Паркот на Франкофонијата на скопскиот кеј и побегна без да му укаже помош.
  • Судијата не го уважи предлогот на обвинителството, кое бараше ефективен притвор за возачот, кој веќе беше во бегство. Обвинителството вложи жалба.
  • Николовски беше прегазен на 1 јули на пешачка патека пред својот дом, кога излегол да фрли ѓубре.
  • Обвинителството тврди дека 25-годишниот возач на мотоциклот немал дозвола, како малолетник бил осуден за насилство и за прекршување на здравствените прописи за време на пандемијата. 
извор

Поплава во Тексас збриша детски камп

5 July 2025
  • Share
  • Post
  • Во Тексас се трага по најмалку 23 девојчиња од летниот камп Мистик што бил збришан од надојдената река Гвадалупе. 
  • Надојдената река удрила врз реонот со многу летни кампови во 1.30 часот по полноќ. Мистик, со околу 750 девојчиња, бил веднаш до реката. Повеќето деца брзо биле префрлени на повисоки места и утрото биле евакуирани. 
  • Поројните дождови за само 45 минути го кренале нивото на реката над максималната граница.
  • Поплавите во Тексас досега однесоа најмалку 24 човечки животи. Меѓу загинатите има и деца. Локалните власти објавија дека се спасени 237 луѓе што побарале помош, но немаат прецизна бројка колку луѓе се исчезнати.

извор

Словенија на референдум за излез од НАТО?

5 July 2025
  • Share
  • Post
  • Словенечкиот премиер Роберт Голоб побара одржување советодавен референдум за членството на неговата земја во НАТО. Владејачкото движење Слобода официјално ќе го достави предлогот идната недела.
  • Ова е реакција на одлуката на Собранието, кое вчера усвои организирање референдум за зголемувањето на трошоците за одбрана, договорени во рамките на Алијансата. Референдумот ќе се одржи на есен, а прашањето ќе биде: „Дали поддржувате Словенија да ги зголеми трошоците за одбрана за да достигнат 3% од БДП во 2030 година, што е приближно 2,1 милијарди евра?“ Резултатот ќе биде консултативен.
  • Голоб ја критикуваше како „бесцелна“ иницијативата за референдумот, предложена од опозициската левица.
  • „Ние ќе предложиме референдум за членството на Словенија во НАТО. Тоа е вистинското прашање. Има само две можни патеки: или ќе останеме во Алијансата и ќе ја платиме членарината, или ќе ја напуштиме Алијансата. Сè друго е популистичка измама на граѓаните“, изјави премиерот Голоб.

Predsednik vlade 🇸🇮 dr. Robert Golob:
"Koalicija SDS, NSi in SD je danes potrdili odločitev o novem nesmiselnem referendumu.

Da se odpravi vsak dvom o resnični volji ljudstva, bo Svoboda naslednji teden vložila svojo referendumsko pobudo in sicer glede članstva Slovenije v…

— Vlada Republike Slovenije (@vladaRS) July 4, 2025
  • Министерот за одбрана Борут Сајовиц оцени дека се политизираат прашањата за безбедноста, но изрази надеж дека одлуката за зголемување на трошоците ќе добие поддршка од граѓаните.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Здравје
2

Нема Холанѓанец без вечни хемикалии во вените

Здравје
3

Словенија на референдум за излез од НАТО?

4

САД ќе штанцаат милијарди муви против месојадна ларва

Разно
5

Куманово, град на иновации

Македонштина
6

Дескоски: Двете клучни заблуди за Преспа

7

Да видиме каде тоа ѝ останала душата на Нада

Балканштина
8

Домашен притвор за возачот на мотор што прегази пешак на кеј

1

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Здравје
2

Нема Холанѓанец без вечни хемикалии во вените

Здравје
3

Словенија на референдум за излез од НАТО?

4

САД ќе штанцаат милијарди муви против месојадна ларва

Разно
5

Дескоски: Двете клучни заблуди за Преспа

6

Домашен притвор за возачот на мотор што прегази пешак на кеј

7

Како големата фармација закопа надежен лек

Здравје
8

За четири години изгубивме едно Кавадарци

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Куманово, град на иновации

Балканштина

Да видиме каде тоа ѝ останала душата на Нада

Македонштина

Не бе, не е гужва во Капиштец

Балканштина

Навремен мајчински совет

Македонштина

Tриумфален ќенеф

Балканштина

Зграпчи ја приликата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мајстори на навредата

Дојранско риалити

За подмочување

Галија, мазија, пак ќе биде наша, најгрда

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy