Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков
18 June 2025
- Случајот ,,Таргет” на СЈО, за масовното прислушување во УБК, апсолутно застаре пред речиси две години а сметките за наплата на адвокатските трошоци ќе се наплатат од државата.
- Предметот застаре поради скандалозните измени на Кривичниот законик. Ова значи дека никогаш нема да има кривично правна разрешница и одговорност за незаконското прислушување, но адвокатските трошоци некој треба да ги плати.
- Државата во иднина ќе треба да ги обесштети и жртвите од прислушувањето. Доколку обвинетите беа прогласени за виновни, тогаш штетите ќе требаше да се наплатат од нивниот џеб; вака, за сè ќе плати државата.
- Судијата Енвер Беџети предметот го чуваше девет месеци во фиока пред Апелација да одлучи дека ја укинува првостепената пресуда и случајот го враќа на повторно судење. Кога предметот се врати во Кривичниот суд, судењето почна од почеток, но по неколку месеци беше констатирана застареност, поради законските измени кои беа донесени во меѓувреме.