Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Годишнина од нелегалноста на Преспанскиот договор

17 June 2025
  • Share
  • Post
  • По тој 17 јуни 2018 година, денот на потпишувањето на Преспанскиот договор, со менувањето на историското име на државата, на Македонија требаше да ѝ се отворат сите порти, врати и капиџици на европската иднина. Според тие ветувања за иднината, што денеска се веќе седумгодишно минато, Македонија со географска одредница во името, денес веќе требаше да биде барем две години членка на Европската Унија.
  • Според професорот Љубомир Цуцуловски, во правна и легислативна смисла е ништожен, бидејќи не исполнува повеќе услови за да ја стекне и да ја има својата легитимност и законитост.
  • „Дури и со само еден аргумент за неговата нелегалност, Договорот од Нивици може да биде раскинат.  Меѓутоа, седум години подоцна, сите политички фактори во Македонија, се однесуваат спрема овој договор како да е легален, односно – велат: факт е дека постои. Но, да направиме една парабола: кога ќе се случи некој криминален настан, кражба или убиство – факт, реалност, стварност е дека се случил настанот. Но тоа не значи дека стореното е легално!“, вели Цуцуловски.
  • Професорката Ванковска и денес е на позицијата дека „го трампавме уставниот суверенитет, идентитетот, па дури и АСНОМ за влез во воена алијанса“. За негово евентуално раскинување смета дека решението е во „политичка волја, интегритет и знаење на меѓународното право (Виенската конвенција)“.
извор

Шефот на агенцијата за нуклеарна контрола: Иран НЕ развива атомска бомба

18 June 2025
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија го демантираше Израел и нивното алиби за напад на Иран, дека Техеран  е блиску до развој на нуклеарно оружје.  
  • Рафаел Гроси, генерален директор на IAEA не верува дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје. 
  • „Дојдовме до заклучок дека не можеме да потврдиме постоење на систематски напори за развој на нуклеарно оружје.“
  • Тој појасни дека во последниот извештај на Агенцијата кој деновиве масовно се цитира, тие изразиле загриженост што Иран збогатил ураниум до 60% но немаат наведено дека атомската бомба е на пат да стане реалност.  
  • Најголема опасност од иранскиот ураниум е ризикот од радијација ако нуклеарен објект биде погоден.
извор

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков

18 June 2025
  • Share
  • Post
  • Случајот ,,Таргет” на СЈО, за масовното прислушување во УБК, апсолутно застаре пред речиси две години а сметките за наплата на адвокатските трошоци ќе се наплатат од државата.
  • Предметот застаре поради скандалозните измени на Кривичниот законик. Ова значи дека никогаш нема да има кривично правна разрешница и одговорност за незаконското прислушување, но адвокатските трошоци некој треба да ги плати.
  • Државата во иднина ќе треба да ги обесштети и жртвите од прислушувањето. Доколку обвинетите беа прогласени за виновни, тогаш штетите ќе требаше да се наплатат од нивниот џеб; вака, за сè ќе плати државата.
  • Судијата Енвер Беџети предметот го чуваше девет месеци во фиока пред Апелација да одлучи дека ја укинува првостепената пресуда и случајот го враќа на повторно судење. Кога предметот се врати во Кривичниот суд, судењето почна од почеток, но по неколку месеци беше констатирана застареност, поради законските измени кои беа донесени во меѓувреме.
извор

Речник

    Офф.нет
    Радио
    Радио

    Најчитани

    • Off.net
    • Вести
    1

    Израел - Иран: Маваат едните, маваат другите

    2

    Иран гори, Франција и Германија се караат за склопки

    3

    Хрватска станува 20-та европска држава со задолжителен воен рок

    4

    Шестемина величествени од МВР

    Македонштина
    5

    Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков

    6

    Трамп вака сака да му се зборува

    Свет
    7

    Шведска, немири, здраво

    Разно
    8

    Што си во подзнак?

    Балканштина
    1

    Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков

    2

    Трамп вака сака да му се зборува

    Свет
    3

    Иран гори, Франција и Германија се караат за склопки

    4

    Завршни зборови: Сите го посочуваат Палевски како егзекутор

    5

    Израел - Иран: Маваат едните, маваат другите

    6

    Хрватска станува 20-та европска држава со задолжителен воен рок

    7

    Преку југ е побрзо

    Занимливости
    8

    Америка еднаш веќе сруши иранска власт. Научија ли нешто?

    Свет
    * за последни 24 часа

    Локалности

    Македонштина

    Шестемина величествени од МВР

    Балканштина

    Кога жена ти е кочничар на добрите идеи

    Балканштина

    Што си во подзнак?

    Балканштина

    Потажен оглас одамна немаме видено

    Македонштина

    Од центарот на Бангладеш

    Балканштина

    Ваква навреда Грок нема доживеано

    Што се чита во комшии?

    Извор:

    Штета ако сте пропуштиле

    И утре да се оправиме, уште долго ќе бидеме пореметени

    Кодот на Сербезовски

    Купи куќа, купи Стојадин

    Јавен повик за организирано демолирање

    Архива
    • Трендо
    • Маркетинг
    • Импресум
    Следи не:
    Powered by Трендоленд
    hosted by
    Hosted by Neotel
    © 2025 off.net.mk |  Privacy Policy