Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД очекуваат израелски напад врз Иран

12 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Стејт департментот ги повика сите службеници што не се на клучни позиции да ги напуштат амбасадите на САД на Блискиот Исток поради загриженост дека Израел планира наскоро да го нападне Иран.
  • Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со месеци го притиска американскиот претседател Доналд Трамп да одобри напад врз иранските капацитети за развој на нуклеарно оружје. Израел тешко може самостојно да спроведе таква операција без логистичка поддршка од САД.
  • Трамп се реши на индиректни преговори со Техеран, но вчера изјави дека „повеќе не е сигурен во успехот на дипломатскиот пристап“. Неговиот специјален пратеник Стив Виткоф треба да одржи нова рунда разговори со ирански претставници в недела.
  • Иранското државно и воено раководство наводно решило на израелски напад итно да возврати со стотици балистички проектили врз Израел, но и врз бази на САД.
  • „Во случај на конфликт по евентуален неуспех на преговорите, САД ќе претрпат големи загуби. Америка ќе мора да се повлече од регионот, бидејќи сите нејзини воени бази се во наш дострел и ќе ги нападнеме без колебање“, предупреди иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех.
  • Експерти тврдат дека Иран е на праг да произведе нуклеарен материјал за десетина атомски бомби. За да ги конструира ќе му бидат потребни уште неколку месеци.
извор

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Заводот за статистика води евиденција за бројот на дивоградби по општини, но бројката ја темели врз основа на она што го пријавуваат самите локални самоуправи. Колку не се откриени, никој не знае. Доволен е само преглед на сателитскиот сервис на Гугл, од кој лесно може да се воочи дека дивоградби никнуваат секоја година.
  • За пет години, 80 општини пријавиле над 3.700 дивоградби, најмногу огради, иако пред очите на граѓаните никнуваат и цели згради на диво. Во Скопје, во изминатите пет години има регистрирано 740 дивоградби.
  • Сарај, Арачиново и Петровец, според податоците на државната статистика, воопшто не пријавиле дивоградби. Чаир, кој е во фокусот на јавноста, во последните три години нема пријавено ниедна дивоградба.
извор

ОН за прекин на огнот во Газа, ние воздржани

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Македонија беше меѓу 19-те членки на Обединетите нации што се воздржаа од гласање за резолуцијата со која се бара итен, безусловен и траен прекин на војната во Газа и доставување хуманитарна помош до цивилите.
  • Откако САД со вето ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, таа беше ставена на гласање пред Генералното собрание. 149 земји ја поддржаа, а 12 гласаа против, вклучувајќи ги САД, Израел и Унгарија.
  • Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но даваат слика за политичкиот распоред на силите и влијанијата низ светот.
  • Идната недела во ОН ќе се одржи конференција раководена од Франција и од Саудиска Арабија, на која ќе се расправа за иницијативата за долготрајно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Францускиот претседател Емануел Макрон бара поддршка од други земји за колективно признавање на независна палестинска држава.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

К'смет во седиштето 11А

Свет
2

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Свет
3

Штипска обвинителка можела да биде на четири локации во исто време

4

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

5

Израел удри врз Иран

6

Шверцери со дронови испорачуваат штеки на домашна адреса

Пороци
7

Медиумското его на Вучиќ

Балканштина
8

Гeoргиј е новиот дебарско-кичевски митрополит

1

К'смет во седиштето 11А

Свет
2

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Свет
3

Штипска обвинителка можела да биде на четири локации во исто време

4

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

5

Израел удри врз Иран

6

ВИ ги растурила брокерите од Вол стрит

Свет
7

Шверцери со дронови испорачуваат штеки на домашна адреса

Пороци
8

Гeoргиј е новиот дебарско-кичевски митрополит

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Кружна економија

Македонштина

Акција „Зголеми го профитот“

Македонштина

Мислеле, мислеле и...

Балканштина

На галантноста ѝ нема крај

Македонштина

Оти другине марамчиња ве дујат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Битката за хуморот

Боље бити зијан него ќар

Граѓански преписки: Клетви со грејс период

Сергеј Трифуновиќ: Одмазда на просекот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy