Се губи волумен во лицето што пак води до формирање на фини линии, брчки, кожа што виси и „булдог-образи“. Разликата е многу позабележлива кај луѓе што земаат повисоки дози на Оземпик, затоа што тежина губат многу побрзо.
Се посочуваат неколку жени, како Шерон Озборн, Ребел Вилсон и Вупи Голдберг кои и отворено споделија дека го користат лекот и кај нив се гледаат промени околу устата. Добрата вест за оштетените е што се средува, ама ќе ги кошта. Се поправа со дермални филери околу устата, за враќање на волумен, измазнување линии и разубавување на цртите на лицето.
Не се ова единствените симптоми што ги трпи устата од Оземпик: Се пријавуваат и сува уста, осетливи заби, повлекување непца, покрај раното стареење на кожата околу устата, што води до промена баш на насмевката и веќе од авион може да се види кој пробува да слабее со лек за дијабетес.
Еден проблем што те тера да се замислиш „што им е на луѓево“ е што лекот сѐ уште не е одобрен да се користи за слабеење. Другиот проблем е што и покрај тоа што не е проверен, и покрај тоа што прави вакви работи, не знаеме како влијае долгорочно - упорно и упорно го користат.