Добриот глас на Буки 2.0 се слуша
19 November 2024
- Бесплатните модели за транскрипција на македонски од Мета и OpenAI мешаат македонски со бугарски и српски, користат букви што ги нема во нашата азбука и немаат добра интерпункција.
-
Пред месец дена беше обелоденет Буки, новата алатка за транскрипција на македонски јазик. Со оглед на тоа што е трениран само на 60 часа македонски говор, неверојатно е дека работи толку добро.
-
Сепак, има проблем со препознавање на детски гласови и на дијалектен говор. Намера е новата верзија на Буки да се истренира со поголема разновидност на гласови и акценти.
-
Можете и вие да придонесете кон нешто што е бесплатно, квалитетно и неопходно за зачувување на македонскиот јазик. На Буки му требаат лого, сервер и гласови. Многу, многу гласови!