Протече документ за кој се тврди дека е сценарио за борбата Тајсон - Пол

Светот е во исчекување, Нетфликс ќе врши пренос, ВИП картите се продаваат по 5 бона. Ќе губи ли стариот или пак без старца нема ударца? И дали е можно да има однапред смислени валкани игри?

Твитерот гори пред вечерашниот бокс меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол. Првиот легенда во овој спорт кој ќе боксува после 19 години, вториот Јутјубер. 31 година се разлика.

По завршувањето на мерењето на кое Тајсон го нападна Пол со шамари, на социјалните мрежи се појави документ кој личи на однапред смислено сценарио за тоа како ќе се одвива борбата.

Според овие тврдења, ќе гледаме пет рунди, а исходот ќе донесе победа за Џејк Пол.

На Твитер тврдат дека постои уште една слика која го открива резултатот, но таа е поинаква и има една евидентна грешка.

И на тоа сценарио пишува дека ќе победи Пол, но со едногласна одлука по 10 рунди, а борбата во тешка категорија е закажана само за 8.

Не постојат докази кои тврдат дека овие документи се оригинални.

Инаку на големо се коментира зошто Тајсон му удри шамар на Пол на нивната средба после мерењето.

Само еден миг пред тоа да се случи, Тајсон всушност бил испровоциран. На видеото се гледа дека Јутјуберот го гази „челичниот“, кој инаку е по чорапи, а тој пак во патики.

Мечот е закажан за вечерва од 22 часот или кај нас 5 наутро.

15 November 2024 - 14:19