Коста Рурки и Мики Бургов

Нема нова песна (штета!), ама направил спот, еден видео мешап во кој не е секогаш јасно "где Дунав љуби небо", тоест каде престанува Коста а продолжува Мики. Освен кај делот со човекот кој цврсто се држи за пожарникарски скали и гледа право, за кој сме сигурни дека е нашиот. За да не навлегуваме во провизорни интерерпретации на поетиката на Бургов, го запрашавме самиот автор за што тој уствари пее во оваа песна. Еве што ни одговори во својот - како и секогаш, запирка фри - допис:  

Неговата светост, Кралот на Црна Гора

Пред 20-тина години, Црна Гора демократски пропушти шанса каква што не се дочекува ни во сто години: како кандидат на листа на граѓани да се појави човек кој ќе ја среди државата, човек кој може да го крунисаш за крал и мирно да накривиш капа. Да се потсетиме на неговото височество, Боро Мирановиќ.

Наш Крсте, од Битола, од Њујорк

Во Њујорк моментално има одлична постава Македонци, чија дружба некогаш заличува на најлежерните и најлуди будалаштини од Зизи Топ во опуштените 90-ти години. Овојпат, од сите нив најмногу нè интересира еден Крсте, психијатар.