Да чуете една - 20 години! - недовршена песна. Па сепак подобра, посвежа и поградска од многу песни кои денес излегуваат - довршени. Слична судбина доживеа и градот во кој се пее. Скопје, тогаш ужасно недовршен, денес непоправливо довршен.
Чарли всушност е од Африка ама (ако не е ова превара наснимана, а ни тврдат дека не е) фраерот во својот речник има повеќе македонски зборови од некои наши политичари. Ау Чарли, скопјаниште едно!