Отвори го прозорецот да подиши градот
Отвори го прозорецот да подиши градот,
отвори ја вратата да видат свет.
И излези надвор да видат човек,
излези надвор од овој век.
Градот расте меѓу твоите чекори,
градот се дотерува за да те пречека.
Тие имаат големи раце за мавтање,
ти имаш песна за нив.
Од твоите жешки табани се горат улиците.
Од твоите жешки табани се горат улиците.
А кога ноќе на небото мртвите поети пушат цигари,
ти мирно заспиваш,. знаејќи дека одиш по вистинскиот пат.
Отвори го прозорецот да подиши градот,
отвори ја вратата да видат свет.
И заплови со твојот поглед,
делфините немаат кого да следат.
Птиците од врвот на твојата уста
до нивниот плоштад во центарот на стомакот.
Тие имаат големи раце за мавтање,
ти имаш небо за нив.
1994 г.
* Автор на музиката и текстот е Џовани. Свират и пеат Денко, Тосе и други пријатели.