Супер скоцкана видео минијатура. Еден небитен но шармaнтен детал од аналогното фотошопирање на Скопје. Македонска олимпијска дисциплина: фрлање барок во вис.
Како му запнавме на ова Сирипичино, Гугл го пореметивме. Прво беше само МАНУ и Економски факултет, па дојдoвме ние од Трендоленд а еве ти ја сега и Влада! Раат да се немало никаде.
Хрват изненаден и разочаран од новите ЕУ регулативи по кои на индивидуалци им се дозволува да испечат само 50 литри ракија годишно за свои потреби. Свои потреби? Човекот е спремен да оди на суд за да ги докажува своите потреби.