Однадвор стар но витален, дотеран и педантно спастрен за фина градска прошетка, неговата бела коса ја крие мудроста и благородноста собрана низ годините. Одвнатре, самтинг комплитли диферент.
Пробавме да набавиме кратки мислења или рецензии од наши реномирани поети за љубовната поезија на Ујар но наидовме на мукла! (поетски: обезгласие), па затоа ќе го пуштиме клот, само со нашата прозаична оценка дека неговата љубовна поезија е - по битолски - цут!