ЕКВ во Кичево

Еден македонски Јутјуб канал извади пар драгоцени музичко-документарни бисери. На пример, ЕКВ во Кичево, на Кичевското кале, со полнокрвен концерт во 1992 година! Језа да те фати како било некогаш и кое дно сме сега. Кога ќе сумираш, денес пореално е некако да оживеат ЕКВ, отколку факинг Кичево.

МТВ ја изгоре Дрисла

Додека другите медиуми возбудено открија вест од 2001 година (прво ја тераа како нова, па дополнително ја ситуираа во времето), МТВ извести за она што е реално ново околу депонијата. Само што спикерката им репна таква драконска казна, инценераторот да им прегори. 

Благој Нацоски до Микис Теодоракис

Маестро Теодоракис, најискрено останав длабоко изненаден читајќи ги Вашите изјави во денешното издание на грчкиот весник Прототема, кои се однесуваат на проблемот што Вашата земја го има со името на мојата татковина.