Добро бе, мамата, пластика ли серете?

Ама стварно е неверојатно колку пластика оди по тоа Вардарот. Не-ве-ро-јат-но. Човек да помисли дека Вардар не тече затоа што му се тече, туку затоа што му се бега од нас. Просто е неможно цел овој куп да се прави човек по човек, или па да чекаме дрон и за ова?

Лерин да ни покаже како се чува Македонија

Лерински села, 2017-та. Пичат ора и македонски песни. Похрабро од еден куп активизам во Фиром, али јбг, овде на млади не им е кул, јер нема Че Гевара маици и RATM музика.

Кога те бива, може и црно и плаво

Апостолот на музичките мешапи има ново младунче. Овојпат нема фолк ама резултатот пак е врвен. Ги сошил Блек Сабат и Блонди на таков начин да не може човек штепот да го најде.