Како на хрватски се вика „јебитачно“?

Сцена од Маратонци, даван на ХРТ, со кроатизиран превод. Мислите јебитачно си е јебитачно? Врашки нетачно.

Од Дачиќева уста во Ердоганови уши

Овој па кленов, пее кај стигне. И им гаѓа песни на муштериите. Еве го на Калемегдан, на Ердоган му ја пее Осман-Ага. Живо нè занима како ќе ја изведе „Во Струмица, на улица“. Дал тоа трилерот ќе му биде стабилен, дал ќе му фалат украси а вибратото ќе му биде за нијанса прешироко. И ред други божји заповеди кои сме ги научиле од Звезде Гранда.