Почина Петар Луковиќ

После долга и тешка болест, на 74 годишна возраст почина брилијантниот Петар Луковиќ, еден од најзначајните пера на екс југословенските простори на сите времиња. Во нашата интимна ранг листа на новинарски ракописи, Перо Луковиќ  суверено се наоѓа во шампионскиот кајак-двосед, заедно со - фала богу живиот - Борис Дежуловиќ.

Револуционерна етида за Бугарка и бас

Она кога успеваат и во говор да ја најдат музиката па го отсвируваат на кој било инструмент, генерално ни се фасцинантни креации и ги имаме расфрлано на доста места по сајтов. Ова е посебно драгоцено затоа што се работи за онаа легендардна средовечна бугарска другарка и социјалистка која со три каранфили во раце го пафта жарот на класната борба. Џезиран Rage Against the Capitalism.

Добро бе, Кавадарци, вака ли ќе играме?

Да слушнете како во Кавадарци се „препејува“ една песна од - скопската група - Меморија. Завршните стихови дебилот ги пее вака: „Да го ебам цело Скопје и скопјанките.“(?!) Па да му се невиди, во ова и вакво време за Македонија, еден кавадарчанец нема кого да дупи освен Скопје?? А оние присутните се убедени дека е тоа јако забавно и цепажа па му одат на свирка на дегенот за одушевено да пеат заедно на глас?

Химна за бурекот, by Благица Павловска

Раскошната Благица им ода за бурекот (некогаш именуван како бурече), но не како генерички производ туку како конкретен бурек на мајстор Зоки во Престон, Мелбурн. Буречето го продава Вале. Една од строфите има тематска дигресија па нè известува дека таму се пече и прасе (некогаш именувано како прасенце). Хеј, ако можеше Влатко Стефановски да ги опева мекиците на Стража, што па не би можела Благица да го воршипа бурекот на мајстор Зоки? 

Криво насадена држава

Здраво Трендо,

Повели документот што треба да се пополни за да се добие патен лист од амбасадата во Виена. "Мобилизацијата" на ниво, јазиците (и македонски, и албански, и германски, и интерпукциски знаци..) на ниво, принтерот на друго ниво, безобзирноста, сепак, под секое ниво.

Поздрави од Виена.