Битиќи или небитиќи, прашање е сега

Грците кредитот ќе го подигнат само со 22,06 милиони евра учество, а Македонија ќе им даде 50 милиони евра неповратна помош. Централата ќе генерира профит веднаш по изградбата и на тој начин ќе ги отплатува ануитетите, а на крајот ќе им остане на Грците. Со наше учество и со кредит што ние ќе им го враќаме, централата ќе биде нивна, а не наша.

Путин беше само загревање

После интервјуто со Путин кое ги скандализираше чуварите на западното ендоумие, еве го правиот соговорник по кој бил тргнат Такер. Ако доволно долго сте на интернет (или барем сте го гледале она ѓубре шоу „Парови“), ќе знаете за кој лудак станува збор: Илија Граховац, попознат како Змејот од Шипово. Како што еднаш пишавме: Ако верувавте во датумот, што па во ова да не верувате? Камео улогата- најјак.

Ај па и ректален преглед да си дочекаме

Еден real-life Тошо Малерот, јак и самоуверен дека ја надитрил преспанската капитулација на Македонија па навреме, уште пред две години,  ги сменил со Северна сите потребни документи за излез од државата. „Знаев јас дека ова ќе се деси“ вика тој и заминува во Грција преку Богородица. Не стигна далеку. 

Да ве запознаеме со Љубиша Кобас

Иако и кај нас имa ликови кои раскажувањето измислени приказни го имаат доведено до ниво на врвен занает, кај Љубиша Кобас тоа е арт форма. Си ги памти лагите и само ги надоградува: за петелот кој тежи 180 кила, за кучето кое јаде лимени буриња неделно пошто има дефицит од железо во крвта.... Во Приједор има натпревар кој се вика Лажијада. Таму Кобас настапува како почесен гостин, вон конкуренција.

Блазе си им бе!

Додека Македонија пишти под неиздржливата неспособност на власта и распаднатите институции, додека се бутка во језиви редови за пасоши, лични карти, сообраќајни дозволи, налепници или пак врти по телефони за да закаже термин за истите, додека на луѓе полека им доаѓа од дупе у глава за што тоа си го дадовме името и кај е сега Прибе да ни зборува за заробена држава, на ТикТок се појави видевце за расположението меѓу паствата на Тино Кајшаров.