Ако нешто нè гневи...

Кратка видео снимка од деца од некое српско семејство како по дома го слават Свети Никола станала вирална. Не заради нешто друго туку затоа што многумина „напредни“ ги исмејувале што софрата им е оскудна, само со погача и риба. А и рибата не била зготвена. Гррр....

Голем беше ама пиеше

Експерт по античка („грчка“) историја одговара на прашања од Твитер. „Ако Александар бил толку Велики, како тогаш загинал на само 32 години?“ Професор Пол Кристесен објаснува дека Александар влегува во жестоки битки многу млад, на само 16 години. До 32 години кога умира, веќе бил прилично расходуван. Сега доаѓа клучниот ден: „А како и повеќето Македонци, по цел ден пиеше“.

Мајка ЕУ и македонските пајчиња

Австрискиот природословец Конрад Лоренц има воведено термин втиснување (Imprinting) за трауматски ситуации кои се врежуваат како слика за светот. Ако уплашени пајчиња, наместо мајка им, видат мачка, ќе помислат дека тоа им е мајка и ќе одат по неа. Така и Македонија. Во неизвесните времиња кога се осамостојувавме, ја видовме ЕУ, тргнавме по неа и уште не гледаме дека светот се има сменето. Игор Радев, одличен.