Едно комбе, илјада благодарници

Во функционална држава нема ни да се приметиш неправилно паркирано возило бидејќи надлежните веќе го виделе и го решиле и пред тебе. Во полу-функционална држава треба да пријавиш за тој проблем да се реши. Третата фаза е Македонија. За тоа што некое возило е отстрането, тука лично им се заблагодаруваш на премиерот и градоначалниците.

Брак на невидено

Некој пишал, на мајка ми полесно ќе ѝ објаснам ако ме фати да гледам порно отколку да ѝ објаснам зошто го гледам ова. Немате идеја колку е тоа точно.

Евровизиски гатања 2019-та

Во најамбициозното и најхраброто од досегашните предвидувања на исходот на Евровизија ги имаме првите три места во крајниот исход, и еден голем бонус заради кој моравме исходот денес да го објавиме а не да чекаме до петок.