Дачиќ, после громот

Или оној гром сепак го има цимнато и Дачиќ (а не само неговиот авион) па од електричното празнење му се имаат споено пар жички, или пак тој гром само му помогнал да се соочи со ништавноста на човечкото битисување па решил дур е време да си каже она што му лежи на душа. Добра вест за ЕУ е што овде никој нормален не се пали на Дачиќ, лоша вест за ЕУ е што овде толку ни е збоктисано од нејзиното лицемерие и препишаните терапии, што на нормален човек дури и Дачиќ може да му прозвучи како луциден дијагностичар.

Човек и пустина

Има дечки кои нит ги знаеме нит ги познаваме ама со задоволство ги поддржуваме. Затоа што има за што да се подржат, а има за што да се поддржат затоа што се одважиле да не живеат во бермудскиот триаголник на македонските животи: кладилница- фејсбук - афери. После Farewell и Dog of War, Пеце Здравсковски има ново филмче, на кое добро му оди на едно меѓународно одмерување, а нема да му дојде лошо и ако го подбутнете.