Гениј во беда

За Небојша Милошевиќ од една недојдија во Србија се вели дека има 203 квоциент на интелигенција. Уште кога бил во војска имал три патенти, за неговите изуми била заинтересирана НАСА, ги има подобрувано југословенските тенкови, го има смислено оној „ретардер“ кој го користат тешките возила и осмислено менувачот на Југо. Живее во куќа која сам ја изградил, со пензија пет пати помала од националната.

Раде го рецитира Кристијан

Каков прекрасен каламбур и постомодернистичко фузирање на неспоиви светови! Од една страна го имате Раде Шербеџија со неговиот сонорен глас и драматична театралност, овековечени со онаа негова легендардна изведба на „Не дај се, Инес“, а од друга, Кристијан Голубовиќ, некогашен белградски кримос а потоа станар во имбецилни реални шоуа и забавувач на масите со своите „ловечки“ приказни и претерувања. Сакаме турнеја!

Winter is Coming

Прилогот започнува со фамозната реплика на Џон Сноу од мега популарната серија Игра на тронови. Веднаш потоа почнуваат исто така препознатливите звуци од серијата, но овојпат, отсвирени на хармоника. А каде е хармоника, тука настанува пресврт. После тоа прилогот почнува да замирисува на, од други места, познати сцени. 

Коста Бургов ни прати не еден, не два, туку три календари за 2025-та

Лани во декември пишавме „Коста Бургов е еден, календари можат да бидат и два“. Следствено, сега се три. Ако, нека има. Ние се колебаме меѓу кецот и тројката. А може па сите да ги испечатиме, да ги закачиме во разни простории за никогаш да не изгубиме чекор со времето.

Потсетник и незаборав

Википедија вика дека Жаклина Пешевска е од Скопје, има завршено Технолошко-металуршки факултет, интернет нè потсетува дека била (и е) пратеничка на ВМРО ДПМНЕ во македонското Собрание и водела (и ја води) нивната партиска унија на жените. Таа пак, нè потсетува на нешто друго, во име на оние кои сè уште се во зандани за терористичко загрозување.