Савова за кметица

Додека ние сме принудени вечно да бираме меѓу Курто и Дудуш, длабоко натопена во европските вредности, Бугарија може да си дозволи вистински шарена и палава понуда. Овојпат за тоа се погрижува Дијана Савова Габрова од партијата Волја, кандидирана за кметица на гратчето Момин проход во западна Бугарија. Макроне, Макроне, начисто нè запусти.

За што зборуваа Макрон и Меркел?

Македонската јавност често знае да да стане комплетно дилужанал околу тоа како сме во центарот на случувањата и како светот нè не вади од уста. Така беше за Пржино, така за референдумот, така и деновиве, за тоа датумот. Kолку подалеку е местото на кое се решава нешто, толку позаинтересиран си за тоа, само да не дојде проблемот до тебе па да треба да мрднеш со сопствениот газ (освен што ќе го преименуваш во задник).

Ка ка ка ка... камера

Се викаат Кико и Болеро иако не сме сигурни кој е кој. Песната се вика Камера ама во тоа сме сигурни, бидејќи тој збор се повторува со дервишка упорност, што како цел збор, што со д'ткање на првиот слог. Од оние песни кои толку ќе те вознемират што ја пушташ пак, за некако да сфатиш дали е до тебе или е до нив. Леле оној саксофон како упаѓа, начисто нè полудува. Језиво и, јебига, мазохистички неодоливо.

Не давај се, Крушево

When in Krusevo е една од ретките убави работи што се случуваат во земјава и зад неа стои љубовта и ентузијазмиот на група крушевчани кои сакаат да направат нешто за својот град при што секоја година со таа љубов заразуваат сè поголем број луѓе. Со видео го сумирале јунското издание на овогодинешниот фестивал а песна за саундтракот им дале Фолтин. Цут.