Јасно ли ви е дека умрел секој трет кој влегол во болница?

Разболувањето од ковид-19 треба да се сфати сериозно. Иако од вкупниот број на дијагностицирани пред 14 дена умреле 3,50%, од сите коишто влегле во болниците пред 14 дена (просечното време на болничко лекување) до денес умреле вртоглави 34,8%!

Поточно, од сите дијагностицирани 9,3% стигнале до болница, а од тие што влегле во болница 34,8% (секој трет) починале.

Затоа, за да избегнете влегување во болница, најсигурниот начин е - воопшто да не се разболите.

Во меѓувреме нашите здравствени власти ги прошируваат болничките капацитети (каде што ќе умира секој трет), наместо да го сопрат разболувањето, страдањето и умирањето. Ама ете, процениле дека лекувањето и умирањето биле поевтината варијанта. А народ како народ, им верува, па дури и се радува што не мора да се лишува од довчерашните навики и мисли дека умирањето им се случува само на некои други.

Дејан Трајковски

11 декември 2020 - 16:54