Како фирма од Струмица земала 600 илјади евра кредит на вересија?

Вакви и слични случаи во ограбената Еуростандард банка има многу. Интересни имиња, некои познати ликови, шоумени, бизнисмени, аналитичари, адвокати, браќа и сестри на високи функционери во државава, разни манипулатори и измамници. Имаме што да кажеме и да покажеме.

Да слушнеме како звучи македонскиот државен оркестар

Солисти: Зоран Заев, Венко Филипче и Стево Пендаровски, во придружба на полетниот оркестар на ботови и супозитории.

Никој не ти се радува како жена

Да слушнеме една жена која е голем фан на Новак Ѓоковиќ, како емотивно ги рангира радостите во својот живот.

Монашки Тигуан: Бог дал, бог земал

Монахот Арсение богоугодно објаснува зошто се решил на Фолксваген Тигуан: добар е за ридско-планински тури но и за на асфалт, плус не паѓа многу во очи. Но, подоцна сфатил дека почнал да му се насладува, да води љубов и да има блудни надразби со својот џип. Решението му е најканонско на свет. Мислите го откажал? Ма јок. Сега само помалку го пере и гледа да не му се насладува до толку.

Доктор Шеклер: Престанете со циркусов!

Имате некои логички дилеми за кој ѓавол се воведува некаков ноќен полициски час кога дење сè живо работи и сè живо е во гужва? Што во кафана можеш како сакаш, ама на улица те казнуваат за маска? Што денот ќе ти пројде во гужви пред банка ама ноќе не смееш да фрлиш ѓубре во контејнер? Што со месеци не сте се виделе со своите најблиски ама некакви попишувачи ќе ти влегле дома по протокол? Србија има слични проблеми.

Попишаните

Да потсетиме во каква атмосфера помина последниот изведен попис во Република Македонија, во далeчната 2002 година. Да се чуди и крсти денешен човек, и за музика имало место!

Да одмориме од Јерусалема

Под загадочно мото „Цветот не се споредува со други цветови, тој само цвета“ (?), директорката и вработените во битолската градинка Мајски цвет, по повод 8-ми март подготвиле захтевен перформанс со прејака кореографија. Само уживајте, не пробувајте дома да изведете некои од овие вратоломни потези.