Како овде се докажува правоверност

Јако битна ставка во медиумскиот профил на пратеникот Кастриот Реџепи.

Не џабе сме Мини Шенген

После толку години и децении усогласување на регионот со принципите и стандардите на ЕУ, некои решија дека најфино е да си поиграме во Мини Шенген, прецизно наречен ЕУ за сиромашни. Не без причина. Ние во него природно сме усогласени како функционираат работите. Така што сите се прават будали. 

Сè што треба да знаете за тоа новинарство

И тие имаат херои. Пулицер? Дежуловиќ? Панчиќ? Асанж? Мито Хаџивасилев Јасмин? Волтер Кронкајт?

Дубиоза во Советот на Европа

Драгите Босанчероси ја изреметија тишината на политичката и бирократска баруштина во Стразбур. Дубиоза никогаш не свиреле пред побогата публика која ја потсетија дека Босна ја имаат напуштено 20% од нејзините граѓани и дека токму од тоа место може и ним - конкретно - да им се помогне.

Дивеењето како небрежност

Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!

Грчки инсепшн

Не дека кај нас нема мувањe со ковид сертификати, од обичен фотошоп па до следнава шема: влегуваш во центар за вакцинација, галантно поминуваш покрај оние кои боцкаат, вадиш памукче, го ставаш на рамо и им се појавуваш на оние кои заверуваат; те гледаат со памукче и те регистрираат како вакциниран. Aма па, и Грциве се јаки.