Чувари на тајниот свет на Никола Тесла

Од „Суверениот светски таен систем на Никола Тесла“(?) ни доаѓа човек кој во јавниот свет можеби е и претприемач и спортист и има три деца... но тоа не е ништо во споредба со тоа што сè е во тајниот свет. Никола Тесла химселф немал патенти колку што овој има титули. Само да чуете:

Генијална одбрана од сукачи

Некој нејебитис ѝ се пушта на девојка на Фејсбук. Таа одбира маестрална стратегија: му одговара со стихови од тупца-тупца народњак (Бунда од нерца - Тина Ивановиќ ). Тој пуштање, таа реплика од песната, на што овој дополнително се пали. Само што, песната завршува со стихот „дијамантски стави ми на руку.“ Јбг, така завршува и пуштањето.

Алтернативна сондажа

Бидејќи ретко кој верува на истражувања, анкети и други сондажи на јавното мислење, овие Белраѓани се досетиле како сепак да го опипаат пулсот на народот. На мост закачија транспарент „Кој не свири, тој е Весиќ.“ Весиќ е онаа замлата која се навреди од Дежуловиќ кој пак фино му одговори „Освен што си глуп, не внимаваш на час.“ Чујте сами колку го сакаат.

Македонец го потепа Париз

Се зборува дека на човек му се потребни 200 дена за да го прошета Лувр. Не и за него. Нему од прва му е јасно дека градот на вљубените е „жива курветана“, дека сè е сиромаштија и дека таму е цела Африка. „Liberté, égalité, fraternité?“ Ма не. „Башибозук!“ - ќе пресуди овој суптилен и неподмитлив рецензент на француската култура.