Тино го истерува духот на Хитлер

Прославениот духовник и наш стар миленик Тино Кајшаров извршува егзорцизам на духот на Адолф Хитлер кој се бил населил во телото на наш дечко. После Бугарите, ова е најблесавиот сојузник на Хитлер досега. И кај е сега напудениот дух, ака ли наоколу, да затвораме ли џамови? Искрено, вакви видеа прописно нè вознемируваат, после со денови се вртиме по луѓе не би ли познале да не се едни од НИВ.

Што нуди Варна за 10 фунти?

Британец нашол соба во Варна за 10 фунти и сега покажува колку е тоа шкарт и никакво. Додуша да, ама што очекувал црепот за тие пари? Плус, ракија му оставиле во собата! Во коментари со право го растурија во следна прилика да покаже што може да најде за 10 фунти во Британија.   

Ендру Тејт за малку ќе бил убиен во Македонија

Бил кај нас со пријател, им се пуштиле на неколку женски, дошол локалец, почнал да се буни. По мала чарка, за среќа, се повлекле. За несреќа локалци утредента им дошле во хотел. - Дојдени се да те убијат. - Хехе. - Немој хехе, во Македонија сме.

Бугарска работа

Ќе им пишеш кои се на сликата, ќе им ставиш знак на сајтот и не бе, пак ќе лажат.