Великани познати за Стенфорд, непознати за Македонија

Додека ФБ статусите на Ненад Јовановиќ се поцитирани од трудовите на овие македонски научни великани злистани на Стенфорд, дотогаш Македонија ќе биде тоа што е.

- Додека Таче и Маричиќ 2 години ги штимаат формулите за 78%те проценти на нивните плати, македонските научници излистани од Стенфорд развија формули за брз и ефтин пренос на телекомуникациски сигнали и за безбедно складирање на електричната енергија.

- Додека Бугар Османи шитна уздуж и попреку сè што е македонско, најмладиот од групата на македонски научници (гостиварчанецот Кимет Јусуфи) од листата на Стенфорд разви алгоритам како да се искористи енергијата од црната дупка и е сигурен наследник на Стивен Хокинг.

- Додека Филипче научи да вози мотор со другар му Нобеловецот од Преспа и заминаа да ја земат Нобелката со Зоки од Осло, овие дечкиве го научија механизмот на нашето стареење и нè научија како се губи енергијата од нашите клетки.

-Додека Али Фамили купи во Македонија сè енергетско и транспортирачко што и Елон Маск не можеше да си дозволи да купи, овие Македонциве од листава на Стенфорд потрошија од државата само струја за функционирањето на нивните компјутери во канцелариите во кои намештајот последен пат им е сменет пред 30 години.

- Додека Бехтел и Енка уште го немаат асфалтирано првиот метар од непостоечките автопати, а земаа аванс од милјарда и нешто ситно од Артан, овие Македонциве од Стенфорд го поплочија патот до вечноста за огромен број македонски таленти.

- Додека Стенфорд ги познава и ги рангира во двата проценти најдобри светски научници на сите времиња, Македонија одамна ги фрлила на забот на заборавот.

-Додека ФБ статусите на Ненад Јовановиќ се поцитирани од трудовите на овие македонски научни великани, дотогаш Македонија ќе биде тоа што е.

Новинари студенти (виа меил)

додатоци:

  • Приказни за некои од највлијателните македонски научници на сите времиња според Stanford University - тука
  • Листата до дата-базите на Стенфорд за 2023 година - тука
9 октомври 2023 - 10:40