Сè што треба да знаете за луѓето, животот и демократијата

Една многу поучна и сликовита ситуација од квизот „Најслаба карика.“ Во игра се тројца играчи. Еден од нив нема ниеден погрешен одговор. Другиве двајца се камења и трупови. Ама, доаѓа време да се гласа. Погодете кој од нив тројца ќе биде елиминиран. Водителот Никола Kojo маестрално ја проследи ситуацијата.

Балашевиќ за македонската публика

За еден скопски концерт за кој Буштур дозволил публиката да влезе на паркет (во салата на КК Работнички во парк - н.з.). Гужва, луѓе буквално седеле на сцената. „А Македонците, па едно 90% од нив пеат подобро од мене. Па кога ја викнаа „Неки нови клинци“.... не ми беше сеедно“.

Блазе си ни со вакви политичари

Мотивационен говор на Габриел Бајрам по повод Меѓународниот ден на Ромите со желба да се стави крај на „циганизмот“ и луѓето да не чувствуваат како Цигани (ќе допре ли оваа порака до Тајсон Фјури кој сам гордо се нарекува Кралот на Циганите?). „Денес секој сака да биде Амди Бајрам“, ќе каже неговиот син и наследник. „Ако, убав е тој идеал.“