Глупоста маст гоу он

На српска телевизија со национална фреквенција (скратено: Пинк), публиката дочека за невидениот масакр во основното школо во Белград да проговори и - астролог/гатач. Па ќе објасни дека на оној мал психо, Месечината му била во знак на Шкорпија и дека таква му била кармата во овој живот. И некој стварно верува дека некому на овие простори некогаш ќе му дојде памет?

Разликата меѓу Лула и Стево

Меѓу 2.400-те гости кои присуствуваа на првото британски крунисување после 70 години, беа и бразилскиот и македонскиот претстедател. Бразилскиот Лула таму дојде со своите политички ставови за слободата на новинарството. Македонскиот Стево дојде со сопругата.