Нема помакедонско од ова

„Да, јас сум Македонка. И присуствувам на свадбата на комшиите, непоканета“.

Бурекот на македонските браќа го освојува Сиднеј

Good Food Australia пишува дека бурекот на браќата Радевски е една од најпотценетите храни во Сиднеј. Никола и Јован Радевски завршиле други работи (авио инженерство и трговија) но победила семејната мајсторија која ја научиле од татко им а ја започнал нивниот прадедо по чии рецепти уште работат. Имаат осум типа бурек, состојки набавуваат и од Македонија а од скоро почнале и јогурт да прават. 

Богати и славни

Јадна статистика: Досега имаме објавено 74 (!) пакетчиња „Богати и славни.“ Некои од нив се и бесрамни повратници. Залудна ни е рубриката? Веројатно да, ама зошто да ги оставиме раат?

Реклама на која ѝ е јасно каде живее

По онаа урнебесна реклама со синхронизација како во турска серија, Халк банка продолжува со ист шарм. Врвно иронизирање на рекламната матрица за која пишувавме деновиве („лоши дијалози и уште полошо глумење“), маестрално изведено од Сашко и Гораст. Оние брендови кои вака се рекламираат мртви- озбилни, како не сфаќаат дека е тоа глупо до ежење? Или па стварно им звучи јако тоа нивно „а да ја повториме поентата уште неколку пати“? Браво за Халк банка, концептот и актерите.