Епопеја за една прилепска месарница

Ќе мора да се отиде до Прилеп и да им се направи факт-чекинг на овие. Ем месото и скарата изгледаат добро, ем  ќе имаме чувство дека веќе се познаваме, благодарејќи на рекламната песна полна со детали, од локација и адреса до профил на главните ликови (на пример, Делфина е од Србија). А трае ли трае. Таман ќе заврши првата строфа, ќе почне втора, таман машкиот вокал ќе се подзамори, ќе влета женски.   

Од почеток?

Стотројка го објави најновото музичко издание на fydhws (фидус), насловено „од почеток?“, саундтрак за истоимениот краткометражен документарен филм, дело на македонскиот музичар и филмски автор Кристијан Петрески, кој живее и создава во Прага. „Машинеријата и природата, колапсот и обновата, темнината и светлината коегзистираат низ целото дело, без да се приклонат кон некаков фиксен наратив“, објаснува авторот.

Од Македонец во Бугарин па назад во Македонец

Ако имате 50 минути и разбирате англиски, слушнете ја личната исповед на еден Македонец кој се нурнал во историјата и првично сфатил дека е Бугарин за подоцна да му стане јасно дека тезите „Сите сме Бугари“ и „Ист народ во две држави“ се глупоштини па се вратил во својата македонска идентитетска кожа.