Се работи за една вест која ја имаше на десетина медиуми, дека ќе немало јазична полиција ни во Македонија ни во Грција за спроведување на Преспа (леле, што ќе правиме со толкава слобода!) ама нас како камче во кондура нè нервира еден друг детал кој медиуми од различна политичка матрица, на чудесен начин го дефинирале на ист начин.
Ќе ви дадеме два примера:
*********
Дечки, од каде бре идејата дека македонските медиуми стварно најмногу ги мачи оваа дилема?
И кои се всушност тие будали и глупандери кои од некоја влада бараат да им се објасни употребата на придавки? А за глаголи ќе одите на брифинг?
Дали сте вие уопште факинг нормални?