Bookbox

Во години сме кога она „глупавиот памти, паметниот запишува“ го добива своето вистинско значење - многу се заборава, а нешто од тоа знае да биде важно, па дури и најважно. Додека расеаноста ни ги нагризува мислите, повеќе од кога и да е се потребни стратегии против заборав.  

Современото земјоделство денес повеќе се потпира на технологија, машини и деловни вештини отколку на физичка сила. Сепак, интересно е што токму во периодот кога работата на нивите станувала сè помалку физички напорна, американските реклами почнале да ги прикажуваат земјоделците како силни, мускулести мажи. 

Повеќе од веѓа: нова изложба во Лондон ја истражува „комодификацијата“ на Фрида Кало

Речиси седум децении по нејзината смрт, мексиканската сликарка Фрида Кало не е само една од најпрепознатливите уметници во светот, туку и вистински културен феномен. Нејзиниот лик денес се наоѓа на маици, шољи, кукли, постери и безброј други производи. Токму оваа трансформација – од уметница во глобална икона и комерцијален бренд – е во фокусот на новата изложба „Фрида: Создавањето на една икона“ во лондонската Тејт Модерн.

Кои биле последните зборови на Марија Антоанета?

Останала запаметена како една од најконтроверзните личности во француската историја. Иако со децении била обвинувана за раскошен живот и симболично претставувала сè што револуционерите го мразеле кај монархијата, нејзините последни часови откриваат поинаква страна од нејзиниот карактер. 

Силвио Гацанига – уметникот кој го дизајнирал трофејот на Светското првенство

Кога Лионел Меси го крена трофејот на Светското првенство во 2022 година, тој момент за него и за милиони навивачи беше влез во фудбалска вечност, како што претходно било за легенди како Диего Марадона, Зинедин Зидан, Роналдо Назарио и Бастијан Швајнштајгер. Но, златниот трофеј чие кревање предизвикува транс не бил отсекогаш истиот.

„ПРИКАЗНАТА НА О“ од Полин Реаже

Ако мислите дека за оваа недела одбравме книга за згодна Парижанка која е врзувана, камшикувана и генерално сексуално злоупотребувана за да ви го привлечеме вниманието, тогаш сте сосема во право. Но за нашиот избор имаме уште неколку, крајно интелектуални аргументи. Немојте веднаш да скролате барајќи слики, има нешто и во зборовите..

„КОГА МАЖОТ ЈА САКА ЖЕНАТА - емоционална и сексуална писменост за модерниот маж“ од Клод Стајнер

When a man loves a woman,
spend his very last dime
trying to hold on to what he needs.
He'd give up all his comforts
and sleep out in the rain,
if she said that's the way
it ought to be

Percy Sledge, 1966

„БЕЛИОТ ТИГАР“ од Аравинд Адига

Кога ја прашав мојата пријателка Каша, Полјакиња мажена за Швајцарец која долго време живееше во Македонија, да ми го опише нејзиниот нов дом - Индија, таа после краток чет с'спенс (оние секунди кои изгледаат ко часови, особено ако соговорникот ви куца бавно), рече: „Прочитај ја Белиот тигар. Сè ќе ти стане јасно".

„Смртта на Бани Манро“ од Ник Кејв

На први септември оваа година излезе од печат вториот роман на Ник Кејв, „Смртта на Бани Манро" (The Death of Bunny Munro). Да, да, тој Ник Кејв, фронтменот на Birthday Party и на Beed Seeds, поубавата половина од дуетот со Кајли, член на тајното друштво „Синови на Ли Марвин" и автор на неколку албуми најубави на свет.

„Бранови“ oд Вирџинија Вулф

Бранови се чита на почетокот на зимата. На песочна плажа на која веќе нема капачи, или на клупа на кеј додека почнува да бранува првото есенско ветре.