- 1498. Шкотскиот град Абердин е жртва на „чудна болест“, црната чума. Болеста се шири низ Европа, а млад советник по име Роберт Колисон одлучува дека мора да најде начин да го заштити градот, да ги убеди локалните власти да ги прифатат неговите стратегии и да превенира следни смртни случаи.
- Ова е премисата на видео игра под име „Чудна болест“. Нејзини креатори се двајца историчари, кои ја базирале играта на колаборативно истражување на богатата историска архива на Абердин на средовековни документи. Ова експериментално комбинирање на историски документи со дигитално раскажување е направено со помош на дизајнер на компјутерски игри и на еден уметник.
- Големи дискусии во врска со популарни историски игри (како Асасинс Крид или Кол оф Дјути) се вртат околу прашањата на автентичност и точност. Креаторите на оваа игра тврдат дека „Чудна болест“ е направена не користејќи „холивудско“ толкување на историските податоци, со многу помпа и малку или никакво историско истражување, туку на начин кој овозможува пореално внесување во атмосферата на времето за коешто станува збор.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.