Сите наградени на 80-тиот филмски фестивал во Венеција
10 септември 2023
- Филмот Poor Things (Сироти) на грчкиот режисер Јоргос Лантимос го освои „Златниот лав“ на јубилејното 80-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција, што заврши вчера, 09.09. Филмот припаѓа на жанрот црна комедија и е заснован на истоимен роман од 1992 година на шкотскиот писател Аласдир Греј. Главните улоги ги толкуваат: Ема Стоун и Марк Рафало.
- „Сребрен лав“ освои филмот Evil Does Not Exist (Злото не постои), мистериозна рурална драма што ја режираше Јапонецот Риусуке Хамагучи.
- „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во кој Македонија се појавува како ко-продуцент ја освои наградата Queer Lion.
Целосниот список на наградени на линкот.